Лековити Билки

Видова трева

Видова трева или видец е едногодишно растение кое расте на суви ливади.Достигнува височина до 20 см, има назабени листови и цветови со бела боја. Цветот може да биде и светло-виолетов со жолти дамки.

Видецот е полупаразит, со своите корења се прицврстува за тревата во ливадата и од нејзе ги црпи минералните соли.Помеѓу народот е познат како “очите на Божјата мајка“ бидејќи многу одамна е познато дека помага при лекување на очните болести, инфекции на очите и го подобрува видот.

Видецот содржи: етерично масло, гликозид ринантин(токсична состојка), аукубин, ресин, каталпол, галотанин, аукубозид, киселина еуфрастан, флавоноиди, танин, смола, восок, бета каротин, витамини Б,Ц, Д и Е.

Видова трева помага при воспаление на очите и очните капаци, јачменчиња,го ублажува чувството на сувост и болка во окото, ослободува од притисок и замор на очниот капак, кратковидност, алергиски реакции, иритации на ирисот. Позитивен резултат се добива поради активирањето на снабдувањето со крв и метаболизмот во окото на мрежницата и оптичкиот нерв.Клетките и леќата добиваат заштита од дејството на слободните радикали и на тој начин го намалуваат ризикот од дегенерација на ткивата поврзана со возраста, развој на миопија, катаракта, глауком и други дисфункции предизвикани од природното стареење.

Освен за очни болсети помага при респираторни заболувања, го регенерира црниот дроб и помага при труење со никотин или алкохол.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin