Лековити Билки

Глуварче-вкусна билка!

Глуварчето или “дивата салата“ е билка која уште во минатото се употребувала за лечење на различни болести.Листовите на глуварчето се вкусни и се употребуваат во исхраната.

Оваа билка содржи витамини (А, Б, Ц), минерали (калиум, натриум и магнезиум) и органски киселини.Пролетна салата од листовите на глуварчето се прави од млади листови набрани пред билката да цвета. Народната медицина ги препорачува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него се прави чај, сируп или вино.

Современата медицина го препорачува за болести на кожата, за намалување на тежината и нормализација на размената на материите во организмот.

Листовите од глуварчето се додаваат во свежи салати, во различни чорби и се прават сосови со кои се прелева печено месо на жар.

Глуварчето не смее да се употребува долгорочно затоа што ги оптоварува органите за варење и може да има негативни ефекти.

Не смее да се користи глуварче кое расте во урбана средина, затоа што глуварчето го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin