Лековити Билки Органска Козметика

Лаванда- природен релаксатор

Лавандата е повеќегодишно растение со виолетови цветови. Стеблото е во вид на грмушка разгрането со тенки листови, цветот цути од јуни до август.Лавандата има пријатен смирувачки мирис.Има околу 300 видови на лаванда.

Лавандата се користи како зачин во Франција.Во козметиката се користи поради своето анти-бактериско смирувачко дејство и пријатниот мирис. Од лаванда се произведуваат најквалитетните етерични масла кои се користат при масажа на телото за подобрување на циркулацијата.

Лавандата ги напаѓа бактериите и вирусите и го стимулира производството на бели крвни клетки кои го штитат телото од паразити. Оваа билка е идеална за прочистување на воздухот, етеричното масло од лаванда се користи за нанесување на косата и кожата.Се користи и во средствата за прочистување на воздухот. Научната медицина докажа дека лавандата помага при вознемиреност, депресија и несоница.

Интересен факт е дека додека чумата косела низ Европа, оние кои работеле на полињата со лаванда не биле погодени од оваа болест.Кога човек е во близина на лаванда природно се стимулира неговиот имунолошки систем, кој потоа поефикасно се справува со напади на вируси и бактерии. Во текот на Првата Светска Војна се користела лавандата за стерилизација на инструментите и работните површини, како и за дезинфекција на рани.

Денес лавандата има широка примена во козметиката и во органската козметика.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin