Витамини Лековити Билки Суплементи

Лукот и неговите магични својства

Лукот е растение со остра арома и вкус кој се разблажува при готвењето.Лукот спаѓа во најздравите видови храна и е популарен народен лек.

Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години.Со текот на времето многу бактерии станаа отпорни на антибиотиците, но научната медицина докажа дека лукот може да се справи со некои од овие бактерии.Лукот е способен за инхибиција на широк спектар на повеќе видови туберкулоза, кои се отпорни на лекови.Лукот ги инхибира и следниве патогени: Amoeba Entamoeba histolytica (parasite), Cholera, Clostridium, Cytomegalovirus, Dermatophytoses (a type of topical fungal infection), Haemophilus Influenzae, Helicobacter Pylori, Herpes Simplex Virus Type 1, Herpes Simplex Virus Type 2, Klebsiella, Methicillin-resistant Staphylococcus A. (MRSA), Parainfluenza Virus, Peridontal Infection, Pneumococcal Infections,Pseudomonas aeruginosa, Streptococcus Mutans,Streptococcus Infections: Group A, Streptococcus Infections: Group B, Streptococcus pyrogenes, Thrush (oral fungal infection).

Јадењето на лук го одржува здравјето на срцето, благодарение на алицинот кој е одговорен и за непријатниот мирис.Алицинот се распаѓа на мали компоненти кои реагираат со црвените крвни зрнца и произведуваат соединение кое ги релаксира крвните садови и овозможува добар проток на крв. Оваа суптанца го намалува притисокот и овозможува на крвта да пренесе повеќе кислород во телото, а со тоа ја олеснува работата на срцето.Лукот ги намалува кардиоваскуларните болести , гo намалува холестеролот и спречува појава на тромб.Лукот е антикоагуланс, па со истовремена употреба со лекови за коагулацијата може да предизвика крварење.Лукот спречува појава на настинка.

Лукот помага и во следните ситуации

-ја зголемува телесната тежина на бебето во утробата, па затоа е препорачив за консумирање во текот на бременоста

-се бори со инфекции на градите и дишните патишта

-се бори со хормоналните нарушување благодарение на големата количина на јод

-моќен афродизјак

Лукот се користи и како првенција од канцер.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin