Лековити Билки Органска Козметика

Маточина против главоболки и стрес

Маточината еповеќегодишно зелјесто растение со четириаголно стебло, разгрането со назабени листови.Цветовите се пршленесто распоредени, собрани по 3-6 или повеќе во пазувите на листовите.Во почетокот на цветањето се жолти,  а потоа стануваат сини.Целото растение мириса пријатно слично на лимон, посебно ако се тријат листовите.Цути од јуни до септември, за лек се берат листовите пред да цвета. Целата билка се бере додека цути.

Листовите на маточината содржат танини поради што се користи како средство за смирување на дијарејата во летен период.Чајот од маточина преставува вистинки избор при справување со стресни ситуации, депресија и главоболки.Помага при зацврстување на срцето, делува антибактериски, ги зацелува раните и го подобрува помнењето.

Има примена во козметичките производи според смирувачкиот ефект и антибактериското дејство.

Маточината е ретка билка која е зачин и лек,  а воедно има и пријатен мирис. Поради прјатниот мирис се користи за произведување на етерично масло.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin