Лековити Билки

Млечен трн

Млечниот трн или магарешки трн е двегодишно растение со груби, боцкави листови и карактеристични жилести стебленца.

Првата година развива голема розета од зашилени листови. Растението ‘рти на есен по првите дождови и во текот на првата година егзистира како розета, обликувајќи цврст корен кој оди до 30 см под земја Наредната година расте до 3 м височина.Листовите се покриени со бели волнеси влакненца, со влабнатини кои имаат цврсти боцки.Цветовите излегуваат на лето и имаат темнорозова боја.

Ова растение се размножува само со семиња. Најчесто семињата ‘ртат на есен после првите дождови. Семињата кои ‘ртат доцна на есен стануваат двегодишни, а оние кои ќе из’ратат подоцна се однесуваат како едногодишни.

Млечниот трн расте на предели со суви лета во песоклива почва.При кршењето на листовите или стеблото на ова растение истекува млечна бела течност заради која млечниот трн го добил своето име.

Магарешкиот трн содржи околу 65-80% силимарин и 20-35% масни киселини,  има хепатопротективни, антивоспалителни, антиканцерогени и имуностимулативни дејства. Оваа билка се користи за третман на заболувања на црниот дроб, како цироза, некроза и оштетувања предизвикани од алкохол, лекови, отровни печурки и др токсични материи.

Ги заштитува црнодробните клетки преку спречување на навлегувањето на штетните токсини и остранување на истите од клетките. Се покажал како одличен борец против холестеролот, намалување на кацерогените клетки, намалување на резистентноста  кон инсулин кај заболените од тип 2 дијабет. Се бори со акни, егземи и воспаление на кожата.

Млечниот трн треб ада го избегнуваат бремени жени, доилки и луѓе со историја на хормонски-зависни карциноми.Секојдевна употреба на чајот од млечен трн го покачува крвниот притисок.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin