Здравје

МАСЛО ОД ОРИГАНО

Ова масло е класифицирано како едно од најсилните антимикробни масла против широк спектар на микропрганизми.

Ориганото е медитеранска билка која најчесто се употребува во италијанските јадења. Најмногу се користи во неговата сува форма, давајќи ѝ на храната посебен шмек. Но покрај тоа што ни ја прави храната повкусна, ориганото може да ни послужи и на друг начин. Прочитајте ги придобивките од употребата на маслото од оригано.

Корисно е при:

-Третман на имунолошкиот систем: учествува во борбата со настинка,грип,вируси,инфекции,паразити,габи,мувли и  бактериска пневмонија.Дневно земете 10 капки со чаша вода.

-Третман на синуси и респираторни болести: Измешајте масло од оригано со кокосово масло и нанесете ја смесата на местото или растворете го во чаша вода и испијте го.

-Третман на бронхитис: Растворете во чаша вода од маслото и испијте ја течноста

-Третман на атлетско стапало: Измешајте масло пд оригано со кокосово масло и нанесете ја смесата на стапалото.

Дејства:

1.Антибиотско дејство

2.Антифунгално дејство

3.Антипаразитско дејство

4.Антидијабетско дејство

5.Антивоспалително дејство

6. Антиалергиско дејство

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *