Мајки и Деца Совети

Емоционалната интелигенција-чекор поблиску до станување лидер

Емоционаланата интелигенција е способност да ги контролирате и употребите вашите емоции во конструктивни и продуктивни цели.Таа е основа за да станете лидер и да градите квалитетни врски со луѓето околу вас.

Луѓето со висока EQ имаат голема самосвест и самодоверба, тие разбираат дека голем напредок во деловниот и личниот живот е резултат на напорна работа на голем број луѓе. Преку управување со сопствените емоции и импуси, ги разбираат чувствата на членовите од неговиот тим.

Компанијата TalentSmart изработила студија во која биле тестирани околу милион луѓе и открила дека 90 % од лидерите имаат висок EQ.

Емоционалната интелигенција влијае на тоа како го контролираме нашето однесување, решавање на конфликтни ситуации и донесуваме одлуки кои даваат позитивни резултати.

Родителите можат да влијаат врз развојот на EQ. Ви нудиме пет корисни техники со кои родителите можат да го подготват детето да станат лидери.

1. Не ги фалете премногу за индивидуалните постигнувања. Треба да ги фалите децата за да изградат самодоверба, но не претерувајте треба да знаат дека светот не оди напред поради индивидуалниот успех туку како резултат на тимска напорна работа.

2. Покажете им дека сите сме смо луѓе. Родителите се пример за децата, покажете им дека и вие сте ранливи и дека може да погрешите. Доколку детето развие мислење дека родителите му се совршени ќе се чувствува  виновно поради секој свој неуспех.

3. Дозволете им на децата да ризикуваат и да доживеат неуспех. Во реалноста патот до успехот е поплочен со многу неуспеси. Дозволете м да детето да претрпи пораз и да научи да се носи со истиот.  Ниеден лидер не ги остварил своите цели без да ризикува и претрпи пораз.

4.Бидете пример за децата. Лидерите не се совршени, но добиваат доверба од луѓето затоа што се однесуваат во склад со она што го говорат.  Доколку вие се однесувате така и вашето дете ќе биде доследно на она што го говори.

5. Научете го детето да не се радува на успехот веднаш.  Успешните лидери го одложуваат славењето на успехот и продолжуваат да работат напорно  за да постигнат уште поголеми цели. Научете ги децата да развијат таков вид на трпение за да научат да уживат во плодовите од долготрајната работа и труд.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin