Мајки и Деца

Зошто им е потребно железото на децата ?

Железото е потребно за живот.Железото е дел од секоја клетка на телото и има огромна улога во создавањето на силен имунолошки систем.Организмот не произведува железо, тука го апсорбира преку тенкото црево.Белодробните протеини учествуваат во транспортот, складирањето и употребата на кислород. Железните протеини се вклучени во трансферот на електрони.

Железото е составен дел од хемоглобинот. Просечен возрасен човек содржи 0.005% телесна тежиа на железо или окилу 4 грама. Ова ниво е константно и покрај тоа што само еден милиграм на железо се апсорбира секој ден затоа што човечкото тело го рециклира својот хемоглобин за содржината на железо.

Хемоглобинот е кислороден носач кој се јавува во црвените крвни клетки, транспортира кислород во артериите од белите дробови до мускулите каде што се пренесува во миоглбин, каде го складира додека не биде потребен за метаболичка оксидација на глукоза.Тука хемоглобинот се врзува со јаглеродот диоксид, кој се произведува кога гликозата оксидира и се носи во белите дробови каде што се издишува.

Децата кои имаат недостаток на железо можат да развијат анемија, која ако не се третира соодветно води го заостанување на развојот и растот.Недостатокот на железо предизвикува проблеми со однесувањето и ментални заболувања.Децата се многу поактивни и ги исфрлаат минералите преку потење, па имаат потреба од надокнадување на истите. Оние деца кои се занимаваат со спорт имаат поголема шанса да развијат дефецит на железо. Нивото на железото може да се открие со анализа на крвта.Доенчињата кои се хранат со кравјо млеко, обично имаат потреба од дополнителен внес на железо.

Симтомите на недостаток на железо потешко се утврдуваат кај децата, затоа е потребно да се прават почести крвни анализи. Главните показатели за недостаток на железо се: бледило, замор, кршливи нокти, проблеми со дишењето, забрзано срцебиење, главоболки, вртоглавици, кршлива коса.

Желзеото е “меч со двојна  острица”-недостатокот предизвикува ментални заболувања, а утврдено е дека луѓето кои страдаат од Алцхајмерова и Паркинсова болест имаат насобрано железо во хипоталмусот.Пациентите кои примаат хемотерапија обично имаат анемија па е потребно да им се надокнади железото, од друга страна преголемата количина на железо може да ги храни туморите да растат.

Пред употреба на препарати за железо за деца задолжително консултирајте се со лекар.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin