Алергии Мајки и Деца

Интолеранција на лактоза кај деца:Симптоми и лекување

Лактозата е млечен шеќер , тој е единствен јагленхидрат кој се содржи во млекото. Застапеноста на лактозата е најголема во млекото додека во другите млечни производи поради ферментацијата преминува во друг облик.

Откривањето на интолеранцијата на лактоза кај децата е отежната и е тешко да се дијагноцира.Итолеранцијата  е последица од неспособноста на организмот да ја разгради лактозата поради недостаток на ензимот лактаза.Итолеранцијата на лактоза се појавува поради инфекција на црвата,  чиреви,  Кронова болест или целијакија.Вродената интолеранција на лактоза е ретко пореметување.  

Кога лактозата не може да се разгради до галатоза и глукоза,  таа доаѓа до дебелото црево каде предизвикува појава на гасови, грчеви, мачнина и дијареа.Најчесто новороденчињата страдаат од грчеви и гасови во првите месеци од животот , па е тешко да се открие интолеранцијата на лактозата.

Најчесто не се препорачува тестирање на интолеранција на лактоза кај деца помали од три години поради  тоа што тестот е напорен, а и најчесто симптомите знаат да се изгубат после три години со зајакнување на имунитетот на децата.

Тестот за интолеранција на лактоза се изведува така што се пие течност со лактоза(25 мл лактоза со 25 мл вода), непосредно по земање на еден примерок крв.На секој половина час по земањето на првиот примерок се зема нов примерок на крв. Вкупно 5 примероци на крв се земаат за ова тестирање.Доколку дојде до пораст на гликозата, тоа е доказ дека личноста е интолерантна на лактоза.

Доколку детето има дијареа подолго време и стандарните пробиотици не делуваат, можно е да се работи за интолеранција на лактоза.Во тој случај лекарот најверојатно ќе Ве советува да преминете на  млечна формула без лактоза (Аптимил без лактоза).Лицата кои се интолерантни на лактоза поднесуваат најмногу 6 гр лактоза (половина чаша млеко).Оваа доза е двојно помала за деца па затоа кај новороденчиња и мали деца се препорачува целосно елиминирање на млеко со лактоза извесен период.

Педијатрите обично советуваат да се почне со воведување на млеко со лактоза после 6 месеци диета за да се виде дали интолеранција на лактоза исчезнала.Доколку интолеранцијата на лактоза е присутна и после одредениот период на диета , а детето е постаро од 24 месеци може да консумира : кокосово млеко, бадемово млеко или оризово млеко.

Лицата кои се интолерантни на лактоза можат да консумираат сирења од типот пармезан, горгонзола и провалоне бидејќи со ферментирањето се губи лактозата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *