Мајки и Деца Совети

Патувајте без гадење и повраќање!

Летото е период на патување и релаксирање.Голем број од децата не можат да уживаат при патувањето до дестинацијата за одмор поради гадење и повраќање.  

Нагонот на гадење и повраќање во текот на патување се јавуваат поради кинетоза или болест која се јавува при движење со превозно средство.Лицата кои имаат кинетоза би требало да избегнуваат да седат на задните седишта и да се разладуваат, со зголемувањето  на температурата расте и ризикот од повраќање.

Доколку Вашето дете има нагони на гадење и повраќање, можете пред патувањето да му дадете капки од ѓумбир.  Ѓумбирот е азиски зачин кој има специфична арома и вкус. Се користи како зачин и лек.

Овој зачин го симулира лачењето на плунката и жолчниот сок и ги намалува гастричните контракции. Ѓумбирот има антиеметично, антивоспалително и заштитно својство. Тој ги блокира гастричните серотонински рецептори кои се вклучени во рефлексот на повраќање, што доведува до намалување на знаците на гадење што пристигнуваат до мозокот. Придонесува за намалување на болката и воспалението преку пониско производство на простагландини и   леукотриени.

Безбеден е за користење од страна на бремени жени кои имаат нагони за гадење и повраќање.  Доколку имате нагони на гадење и повраќате побарајте капки на база на ѓумбир за да можете да се чувствувате пријатно во текот на бременоста.

Во аптеките на Зегин може да најдете капки од ѓумбир кои ќе ви помогнат да уживате во летото без нагони на гадење и повраќање.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin