Мајки и Деца

Техники за правилно доење на новороденче и доенче

  1. Техники за правилно доење на новороденче и доенче

Во родилиштата треба да се научат мајките да им дозволат на нивните бебиња сами да го прекинуваат доењето кога тоа ќе го посакаат.

  • Дозволете му на доенчето смао да ја испушти дојката, а тогаш понудете ја другата. Дојките нудете ги наизменично се додека доенчето сака да цица
  • Секогаш почекајте комплетно да ја испразни едната дојка, а потоа да продолжи, доколку сака, на другата дојка. Ова од причина што не е ист составот на мајчиното млеко на почетокот и на крајот од секој подој. Првиот дел од подојот изобилува со шеќер, вода и протеини, а последниот дел од подојот со многу корисни масти кои се потребни за развој на нервниот систем
  • Немојте пребрзо да го прекинувате доењето на едната дојка. Ова го лишува доенчето од млекото во последните партии (со повеќе масти) и може да доведе до недоволен раст
  • Доенчето обично цица 10-30 минути на секоја дојка. Не заборавајте дека секоја мајка и доенче ќе воспостават своја сопствена шема. Може при првите подои некои доенчиња да сакаат да цицаат само на едната дојка
  • Многу долги или многу чести подои можат да бидат знак дека доенчето не ја опфатило добро брадавката
  • Грижа за градите за време на доењето:
  • Да ги мијат градите само со вода. Сапуни, лосиони, или масла ќе го пореметат природното лачење на кожата
  • Да не ги мијат градите непосредно пред доење. Со миењето би се измиле  заштитните масла и би се променил мирисот по кој доенчињата ги препознаваат дојките на својата мајка
  • Пред подој да се намачкаат брадавките и ареолите со своето млеко, како и после подој. Потоа да се исушат градите на собна температура
  • Ако брадавките станат болни, да се нанесе на нив мајчино млеко, па да сеизложат кратко време на воздух и сонце за побрзо заздравување
  • Претесен градник може да го поремети слободното протекување на млеко. Најлонски (синтетички) градник не се препорачува. Најдобар е памучен градник со одговарачка големина.
  • Ако се појават рагади, за побрзо заздравување може да се мачкаат неутрални масти кои лесно се впиваат, не бараат отстранување пред подој
  • Положби на држење на доенчето за успешно доење

Постојат многу начини како мајките можат да ги држат своите деца при доење. На мајките можеби нема да им биде потребна помош да најдат удобна положба. Ако им е потребна помош, можете да предложите една од вообичаените положби:

  • Седечка положба, со доенчето во прегратка
  • Лежечка положба, со доенче кое лежи на страна, свртено спрема мајката
  • Седечка положба, телото на доенчето се придржува со цела должина на раката

Поставување на доенчето на дојка

Дозволете да се оствари првиот контакт и набљудувајте го првиот подој. Нема потреба да се забрзуваат, ниту мајката ниту доенчето ако се наоѓаат во близок, топол контакт кожа-на-кожа. Помош можеби нема да биде ни потребна. Ако и после поминатите 30 минути заедно доенчето не ја прифати правилно дојката, на мајката може да и се предложи:

  • со допир на горната усничка на доенчето со брадавката, да се предизвика рефлекс на барање на храна
  • да почека додека доенчето сосема не ја отвори устата (како кога сака  да се проѕева)
  • да го принесе доенчето до дојката, а не дојката кон доенчето
  • да го придвижи кон дојката целото тело на доенчето, а не само главата
  • да се погрижи доенчето да ја земе дојката со полна уста
  • да ја придржува дојката за време на подојот како би му го олесниле на доењето на детето

Ако доенчето не е добро поставено, или ако мајката чувствува болка,- таа треба да го прекине доењето, да го симне доенчето од дојката и да го намести подобро пред да почне со доење.

  • СООР (кандидијаза)

При поминувањето низ родилниот канал, новороденчето може да се зарази со соор (инфекција причинета од габата Candida albicans). Доенчето после тоа може да ја пренесе инфекцијата на дојката. Исто така, може прво новороденчето да добие соор, заради неурамнотежена средина во усната празнина (кисело-алкална нерамнотежа) па да ја пренесе на градата од мајката. Важно е да се лечат и  мајката и детето и да се прекине синџирот на пренос на инфкција.

Знаци на соор:

  1. Инфицираните брадавки може да изгледаат нормално, или да се црвени и надразнети. Инфекцијата е следена од чувство на длабока, прободна болка и мајката може да констатира дека брадавките ја “печат” или “боцкаат” после доење
  2. Брадавките остануваат болни долго време и покрај правилната положба на доенчето при доење. Ова може да биде единствениот знак на инфекција
  3. Кај доенчњето може да се појават бели ситни дамки по слузокожата на усната шуплина
  4. Доенчето може да има габичен осип под пелените
  5. Мајката може да има истовремено и вагинална габична инфекција

Проф. д-р Елизабета Зисовска

                  педијатар

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin