Мајки и Деца

Што е органска облека?

Денес се повеќе се развива еколошката свест кај човекот, па често можеме да сретнеме органски проиводи на полиците во маркетите.Со производството на органска облека не само што се грижиме за нашето здравје туку се грижиме и за животната средина.

Кожата е најголемиот орган на човекот, неговата намена е заштита на организмот од штетните надворешни влијанија. Поради се преголемата употреба на хемикалии телото не може да диши и нема слободна циркулација на воздух, па се создаваат поволни услови за бактериии и микроорганизми. Кожата се иритира и станува сува. Органската облека не ја иритира кожата и овозможува нејзино дишење, па таа може да ја апсорбира влагата и многу брзо се суши.Органската облека не се валка лесно, таа практично не собира прашина.

Органската облека е облека произведена од материјали кои се растени органски според стандардите за органска агрокултура.Суровините мора да бидат одгледани без пестициди, вештачки ѓубрива и употреба на тешка машинерија. При процесот на производство не смеат да се користат средства за беелење и хемиски бои.Органската облека може да биде составена од памук, јука, бамбус и пченка.

Органската храна е соодветна за мали деца и новороденчиња, нивната кожа е многу потенка од на воздрасните и е помалку отпорна на хемихалиите кои ги содржи синтетичката облека.Пожелно е да користете органска облека за вашите накмили барем во првите неколку месеци од животот.

Од оваа недела органска облека за најмалите можете да набавите во најблиската апттека на Зегин, по достапни цени за сечиј џеб.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin