Мајки и Деца

ЉУБОВ, ГРИЖА И Holle – АДАПТИРАНИ ФОРМУЛИ како соодветна замена на мајчиното млеко!

Рагањето на нов живот е магичен и неверојатен момент за сите а особено за родителите кои конечно, по месеци исчекување, ке можат да го прегрнат своето најмило.Првата година на раст и развој од животот на вашето дете е исклучително важна, а мајчиното млеко е есенцијалната храна која е најважна и незаменлива состојка. Тоа е клучната храна која ги обезбедува сите нутритивни елементи во еден избалансиран состав и соодветни количини, богата на витамини(освен витамин Д и Витамин К кои се додаваат како суплементи), минерали, ензими и антитела кои му се потребни на бебето за да расте во првите 6 месеци но и понатаму продолжува да биде дел од исхраната зависно од желбата на детето и секако вољата на мајката. Мајчиното млеко е уникатно како отпечаток од прст – не постојат два исти примерока. Од мајката и нејзината исхрана зависи изгледот, но и вкусот на нејзиното млеко. Доењето е најдобрата инвестиција која мајката може да ја направи за своето дете. Во сите услови кога доењето не може да се воспостави, кога количините се недоволни или постојат други оправдани причини се препорачува хранење на бебето со таканаречени адаптирани млечни формули, кои представуваат замена за мајчиното млеко.

Нјаважниот критериум при изборот на адаптирана формула е да се избере млеко кое одговара на потребите за раст и развој на доенчето , со редовна проверка на параметрите кај вашиот матичен педијатар.

Постојат посебни прописи за безбедноста на детската формула … и треба да постојат!

 Звучи многу комплицирано и навистина е така. Има два клучни моменти. Состојките да се безбедни и децата да растат “ нормално “.

Повекето родители всушност и незнаат колку млеката од различните брендови можат да бидат навистина различни. Потребно е внимателно да се информирате во однос на тоа што содржи соодветната формула која сте ја избрале, и се разбира потеклото и критериумите за квалитет да бидат клучни.

Една од водечките компании во производство на адаптирани млечни формули и храна за бебиња во Европа и светот е Швајцарката компанија Holle, која откако е основана пред повеке од 80 години работи посветено за обезбедување на најдоброто за вашето дете. При производството се користат органски соединенија со највисок квалитет. Експертизата и изкуството во комбинација со најновите научни занења представуваат сигурна основа за здрав живот. Неминовно е да споменеме дека на нашиот пазар е единственото адаптирано млеко кое го поседува  Demeter сертифакот.

Квалитетот на Деметер сетрифицираното млеко е исклучително висок, има одличен вкус и лесно се вари – благофдарение на природниот начин на одгледување на животните. Благодарение на биодинамичното одгледување на животните според  Demeter фармерство во голема мера влијае на хранливата вредност на млекото. Оваа млеко има висока содржина на Витамин Е и бета – каротен. Природно е богато на омега 3 и омега 6 масни киселини.

  • Holle формулата на база на кравјо млеко се издвојува од останатите формули првенствено дека го содржи Demeter сертификатот.
  • Нема дополнителни додатоци од типот, пробиотици, пребиотици, омега масни киселини и главната поента е дека се оди формулата да биде чиста и наблиска до составот на мајчиното млеко, соодветно со законските регулативи за производство на храна за бебиња или накратко Pure Formula односно “ чиста.”

Holle од 2004 ја нуди и формулата базирана на козјо млеко, единствена и уникатна на нашите простори.  Последните научни студии и официјално ја одобрија формулата на база на козјо млеко како регуларен доенички прехранбен производ и кско слтернатива на млечните формули базирани на кравјо млека. За козјата формула подетално во некој нареден текст.

Сите адаптирани формули на Holle можат да се користат како додаток во исхраната за подготовка на млечни каши и здрави оброци за вашето бебе.

Запомнете, вие сте експерт за сопственото бебе. Без оглед на одлуките што ќе ги донесете ќе биде вистинскиот. Вашата љубов е најважната состојка за нивното здравје.

Сузна Узунска
инг. по технологија на храна

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *