Витамини Мајки и Деца

Special Kid Vision- Совршена формула за очно здравје кај децата!

Барајќи малку слободно време за себе, родителите често ги оставаат своите деца да се забавуваат со таблетите или телефоните.  Гледањето во екраните го оштетува видот и доведува до развој на разни болести на очите.

Децата кои своето време го поминуваат пред екраните ги напрегаат своите очи многу повеќе од оние кои си играат на улица.

На полиците во Зегин можете да го најдете првиот сируп за заштита на очите на вашето дете.Погрижете се за здравјето на детските очи затоа што добриот вид е од исклучително значење за развојот на детето.

Негувајте ги детските очи со совршена формула на природна база од видова трева, витамин А, цинк и витамин Б.

Витамин А

Витаминот А му е потребен на нашето тело за да се произведе родопсин, кој ни помага да гледаме кога е темно.Недостатокот од овој витамин предизвикува т.н ноќно слепило.Пациентот кој страда од ова нарушување тешко може да се ориентира во просторот кога е темно или кога светлината е слаба. Во некои случаи лицата со проблеми со ноќно слепило можат да имаат проблеми кога има магла и сјај дури и при нормална светлина.Доколку недостатокот на витамин А не се лекува може да доведе со слепило.

Цинк

Цинкот е втор најизразен метал кој го има кај луѓето и е единствен метал кој се појавува во сите ензимски класи.Околу 2-4 грама цинк се дострубуираат низ човечкото тело. Најголема концентрација на цинк се наоѓа во делови од окото.За да го подобрите здравјето на окото потребно е да внесувата цинк преку исхраната или преку суплементи.

Видова трева

Помеѓу народот е познат како “очите на Божјата мајка“ бидејќи многу одамна е познато дека помага при лекување на очните болести, инфекции на очите и го подобрува видот.

Видова трева помага при воспаление на очите и очните капаци, јачменчиња,го ублажува чувството на сувост и болка во окото, ослободува од притисок и замор на очниот капак, кратковидност, алергиски реакции, иритации на ирисот. Позитивен резултат се добива поради активирањето на снабдувањето со крв и метаболизмот во окото на мрежницата и оптичкиот нерв.Клетките и леќата добиваат заштита од дејството на слободните радикали и на тој начин го намалуваат ризикот од дегенерација на ткивата поврзана со возраста, развој на миопија, катаракта, глауком и други дисфункции предизвикани од природното стареење.

Побаравме мислење од доктор Ставрич за формулата на сирупот на Special Kid Vision.

Бидејќи живееме во ера кога луѓето се изложени претежно на индустриска исхрана во која често недостасуваат битни нутриенти и микроелементи од суштинска важност за здравјето, последично се разви и потребата од додатоци во исхраната кои ги надополнуваат недостатоците. Ова е од особена важност за оние кои се во развој и растат – децата! Од друга страна, времето во кое живееме, технолошката и комуникациска револуција, постојаното гледање во телефони, екрани, таблети и сл., додатно го оптеретува нашето главно сетило – видот. Децата се од најрана возраст изложени на тој екстра стрес на очите, поради што е високо препорачлива додатна поддршка на органот за вид. Во таа смисла, компониран е посебен препарат кој ги содржи клучните компоненти за поддршка и одржување на здравјето на очите кај најосетливата популација – децата! Сирупот содржи активни состојки кои се познати по особините важни за одржување на здравјето на очите: витамин А и Б, видова трева (Euphrasia officinalis), како и цинк и боровинка која придонесува за нормална функција на очите. вели Доктор Дејан Ставрич!!!

Дали знеавте дека

Речеси 3 % од децата го губат видот и истиот не може да се корегира со леќи или очила.Амблиопија или  “мрзливо око“ е најчестата причина за губење на видот каj децата, речеси 2% од децата под пет години ја имаат оваа болест.Амблиопијата најчесто се јавува на едното око, но може да се појави и кај двете очи.Сликата што се создава во мозокот е заматена, па мозокот ја исклучува, а функцијата ја превзема подоброто око.

Околу 4% од малите деца се погодени од страбизам (несоодвено распоредување на очите) кое исто така може да биде причина за амблиопија.

Астигматизам е болест на обликот на рожницата или леќата кој предизвикува заматен вид на сите расторанија.Околу 28% од децата постари од 5 години ја имаат оваа болест.

Хиперопијата или далекувидност е болест која ја имаат 21 % од децата под 5 години.Хиперопија се јавува кога визуелните слики доаѓаат да се фокусираат зад мрежицата на окото, што доведува блиски објекти да се гледаат замаглено, а далечните да се гледаат јасни.

Миопија или кратковидност е болест која влијае на 5% на децата постари од 5 години.Миопијата се јавува кога визуелните слики се фокусираат пред мрежицата на окото што предизвикува далечните предмети да се гледаат нејасно, а предметите кои се блиску да се гледаат јасно и фокусирано.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin