Здравје Совети

НЕДОСТАТОК НА ЖЕЛЕЗО ВО КРВТА

Недостатокот на железо во крвта или синдеропенијата е често нарушување на крвта кое се јавува кај многу луѓе во светот,но најподложни на овој нутритивен дефицит се жените.

Намаленото количество  на железо доведува до слабокрвност, состојба кога телото не е во можност да произведе доволна количина на хемоглобин.Хемоглобинот ретставува протеин кој им помага на црвените крвни клетки да го транспортираат кислородот низ целиот организам.

Знаци кои ви ги испраќа организмот при дефицит на железо:

Зголемен замор

-Исцрпеност

-Бледа кожа

-Главоболка

-Синдром на немирни нозе

-Опаѓање на косата

-Лесно кршливи нокти

-Намалено внимание и концентрација

-Долги и болни менструации

Доколку и вие го имате истиов проблем преферирајте да земате редовно храна богата со железо.Преорачани дневни дози на железо се од 8 до 10 мг за возрасни,а за деца во развој и бремени жени дневната доза изнесува од 10 до 15мг.

Храна богата со железо:

1.Спанаќ

2.Јаткасти плодови (индиски ореви,кикиритки,бадеми)

3.Црвено месо (телешко,јагнешко,свинско)

4.Леќа

5.Грав

6.Темно чоколадо

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *