Здравје Совети

ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА

СИМПТОМИ НА РАК НА ДОЈКА

  • ЧЕШАЊЕ
  • ЦРВЕНИЛО
  • БОЛКА
  • БОЛКА ВО ГРБОТ
  • ПРЕОСЕТЛИВОСТ И БОЛКА ВО ПАЗУВИТЕ
  • ИСЦЕДОК ОД БРАДАВИЦАТА
  • ПРОМЕНЛИВ ИЗГЛЕД НА БРАДАВИЦА
  • ПРОМЕНА ВО ОБЛИКОТ НА ГРАДИТЕ ИЛИ БРАДАВИЦИТЕ

Ракот на дојката може да започне во млечни жлезди, млечни канали, масно ткиво или сврзно ткиво. Постојат различни типови кои се однесуваат поинаку.Ракот на дојката може да расте многу бавно и да се шири на други делови од телото, т.е. метастази. Метастазите можат да бидат поагресивни, растат и брзо се шират. Симптомите на рак на дојка кај секоја жена се разликуваат, затоа штом почувствувате невообичаена промена, контактирајте го вашиот лекар. Околу 60% од ракот на дојката се развива кај жена на возраст над 60 години. Опасноста е најголема по 75-годишна возраст.

ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА РАК НА

  • Истражувањата покажаа дека  1 од 8 жени заболуваат од рак на дојка. Најчесто се јавува кај постарите лица по менопаузата, но често заболуваат и жени пред 50 годишна возраст.
  • Само 3 од 100 случаи на развој на рак се засегнати од генот. Ако некој од вашето најблиско семејство има рак на дојка, превземете посебна грижа. Ако имате многу членови на семејството кои имаат рак на дојка или црево, особено во помлада возраст, контактирајте со вашиот лекар.
  • Ризикот од рак на дојка се зголемува кај луѓето со зголемено масно ткиво и прекумерно производство на естроген.
  • Една од причините може да биде алкохолот и пушењето, бидејќи и двете предизвикуваат рак.

Најсигурен начин за превенција и навремено откривање на ракот на дојка е методот на самопреглед.

КАКО ДА НАПРАВИТЕ САМОПРЕГЛЕД  НА ГРАДИТЕ?

Важно е секоја жена да има навика за редовна месечна самопроверка за да знае дали има промени. Избегнувајте самодијагностика за време на менструацијата. Пред огледало гледајте ги градите. Следете ги  промените како што се бојата, големината и промените на брадавиците како што се воспаление или оток. Обрнете внимание на изгледот на кожата. Нежно притиснете ја левата брадавица со десната рака и следете доколку има било каков исцедок.  Повторете и на десната дојка со левата рака.

Повторете го овој процес секој месец во исто време.

Постапка

  1. Легнете на грб и поставете го перничето под левото рамо.
  2. Рашири ја левата рака над главата.
  3. Испитајте ги со истите движења како кога сте кренале раката.
  4. Повторете го истото и за двете гради.

Спец. Др. Даниела МарковскаСпецијалист по семејна медицина

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *