Здравје

Пробиотици во тек на бременост – ProVen Probiotics

Важноста на оптимална нутриција за плодот и за трудницата за време на бременоста треба да се потенцира и да се стави акцент на внесувањето на потребните количини витамини, минерали, омега 3 масни киселини и други витални елементи.

 Со дополнителен внес и на пробиотици во текот на бременоста, идната мајка овозможува градење на имунолошкиот систем кај новороденчето, обезбедувајќи одбрамбен систем за новата средина на живот. Исто така, се намалува шансата за развој на алергии и астма, во раната детска возраст. Кај трудницата се олеснува констипацијата, а воедно пробиотиците помагаат при евентуални габични инфекции и бактериска вагиноза, што е честа појава во текот на бременоста и со тоа се намалува ризикот од последици, како што е предвремено породување.

По породувањето, кај новороденото, пробиотиците имаат низа позитивни влијанија кои се од огромна важност. Го градат имунолошкиот систем на бебето, спречуваат појава на егзема – иритирачки осип што може да се јави на кожата уште од најрана возраст, а ги спречуваат или намалуваат грчевите кај бебето, кои се карактеристични за првите неколку месеци (најчесто од 2-от до 4-от месец).

Lab4 е уникатен спој на пробиотици, што може да се најде во ProVen Probiotics, развиван и клинички испитуван повеќе од 20 години. Различните формулации овозможуваат бенефит од добрите бактерии кај сите возрасти и индикации, од кои се бара дополнителен внес на пробиотици. Британската компанија, покрај повеќето, во својата понуда го има и –

ProVen Probiotics Lactobacillus & Bifidus for Pregnancy Plus Multivitamins, Minerals & DHA

кој е комбинација од

  • 20 есенцијални витамини
  • 200мг. Омега 3 масни киселини DHA
  • Калциум
  • Железо
  • Фолна киселина
  • 10 милијарди Lab4 корисни бактерии

Покрај безбедноста кај трудницата и плодот, со клиничката студија “Swansea Baby Trial” се докажани и бенефитите за здравјето и имуниот систем на новороденото, во поглед на исклучителни ефекти за намалување на развој на алергии и атописка егзема, во првите 6 месеци од животот. Внесот на голем број на корисни бактерии e препорачан протокол кај многу гинеколошки ординации и родилишта, особено кај мајките кои се пораѓаат со царски рез, поради специфичниот развој на микробиотата кај новороденото.

Др-Агнеса Караколева Давидовиќ

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *