Здравје Совети Храна

Се дебелеете,а малку јадете? Ви недостига јод

Јодот има витална улога во одржување на добро здравје.Како основен елемент на хормонот на штитната жлезда тој влијае на бројни процеси во организмот.Штитната жлезда пак има улога во регулирање на метаболизмот и е од клучно значење за развој на мозокот.

Јодот е минерал кој во нашиот организам го има во мали количини.Човечкото тело само не може да го произведе,па затоа е неопходно дневно да се внесува.

За возрасен човек неопходно е да се внесува околу 150 микрограми.

Знаци кои алармираат дека на вашиот организам му недостасува јод:

1.Промена на расположение

Поради недостаток на јод се јавува намалена функција на тироидната жлезда-состојба позната како хипотиреодизам која се карактеризира со симптоми на депресија и нарушено расположение.

2.Хроничен замор

Последица на неактивноста на штитната жлезда е драстичниот пад на енергијата без оглед на доволното спиење и појавата на хроничен замор.

3.Нагло дебелеење

Поради недостиг на јод,а со тоа и забавена работа на штитната жлезда,се забавува метаболизмот,а со тоа храната потешко се вари.Последица на тоа е дебелеењето,па затоа внимавајте што јадете и колку.

4.Чуствителност на студ

Со забавениот метаболизам неминовна е и слабата циркулација,а кога тоа ќе се случи терморегулацијата сериозно се нарушува,па на лицето му е многу поладно дури и на нормална температура.

5.Сува кожа и коса

Уште една негативна појава поврзана со недостаток на јод е тоа што се отежнува процесот на потење,а тоа влијае на кожата која станува се посува и почуствителна.Ниту косата не добива доволно хранливи материи,па и таа е посува од вообичаено.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *