Здравје

Уринарните инфекции се најчест проблем кај жените

Уринарните инфекции се бактериски инфекции на уринарниот тракт и се најчести во секојдневната пракса. Почести се кај жени и деца. Главната причина за тоа е женската анатомија, односно малото растојание помеѓу аналниот отвор и уретрата, коешто го олеснува преминувањето на бактерии (најчесто Escherichia coli) кон уринарниот тракт.

Се смета дека секоја петта жена се соочува со уринарна инфекција во одреден период од својот живот.

Симптоми:

-притисок во мочниот меур

-честа и силна потреба за мокрење

-печење при мокрењето

-заматена урина и крв во урината

-благо до силно покачена температура

-треска

-болка во долниот дел на стомакот.

Лекување на уринарните инфекции

Вообичаена е антибиотска терапија со доста уролошки чаеви, нарочито при акутни односно нагли пореметувања на здравствената состојба. Обично симптомите на инфекција исчезнуваат веќе после неколку дена од почетокот на терапијата (во зависност од степенот на болеста), но терапијата треба да се продолжи, се до потполна стабилизација на организмот.

Инфекциите на уринарниот тракт се многу упорни, често се враќаат. При долготрајно пореметување на здравјето на уринарните органи, односно хронични воспаленија, уролозите применуваат соодветна терапија со препорака да се земаат што поголеми количини уролошки чаеви кои му помагаат на организмот да ја совлада инфекцијата со што помалку несакани ефекти.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *