Совети Циркулација

Десет знаци за лоша циркулација

Лошата циркулација може да предизвика многу здраствени проблеми, затоа треба да внимавате на следните симптоми кои на прв поглед не се поврзуваат со крвотокот.

Лошата периферна циркулација влијае на размената на хормоните во организмот што може да предизвики проблеми со простата, тироидната жлезда и надбубрежната жлезда.

Десет симптоми на слаба циркулација на крвта на кои треба да им обрните внимание:

Чувство на трнење на екстремитетите

Сигурно ви се случило да имате чувствона трпнење на раката или ногата-кое се појавува кога доаѓа до прекин на протокот на крв поради лошата положба во која седиме или лежиме.

Доколу често имате укоченост а не е последица на предолго седење или лежење во иста положба, тоа може да биде показател на проблем со циркулацијата.

Намалени когнитивни способности

На мозокот му е потребен нормален проток на крв за да може да функционира. Кога циркулацијата на крвта е забавена и вашите ментални способности ќе успорат. Доколку имате проблем со концентрацијата или ако помнењето не ве служи добро, тоа може да е индикатор на проблем со циркулацијата.

Губење на апетитот

На системот за варење му е потребна крв за да може да функционира правилно и да ги пренесува хранливите материи од цревата во другите делови на телото.

Кога протокот на крв е бавен и варењето станува забавено па чувствуваме ситост.

Проблем со варењето

Лошата циркулација не предизвикуваа само губење на апетитот, таа влијае и на способноста на организмот да добие хранливи материи. Храната само поминува низ телото иако не е целосно сварена. Тоа доведува до чувство на мачнина и други проблеми со варењето кои можат погрешно да се дијагностицираат и лечат.

Исцрпеност

При лоша циркулација крвта нема капацитет да носи кислород, витамини и минерали низ целото тело. Тоа придонесува до забавување на метаболизмот, а без потребните хранливи материи целото тело го уклучува механизмот на одбрана за да штеди енергија.Тоа доведува до чувство на исцрпеност и постојан замор.

Ослабнат имунитет

Циркулацијата е директно одговорна за одржавање на здрав имунолошки систем. Кога циркулацијата е лоша, витамините и минералите кои му се потребни на телото за да се бори со инфекции не можат да бидат пренесени доволно брзо или во доволна количини.Поради проблемите со варењето одредени минерали и аминокиселини кои му се потребни на телото за производство на ензимите за правилно функционирање на имунолошкиот систем се создаваат во мала количина.

Намалено либидо

Лошата циркулација може да доведе до проблем со репродуктивниот систем.Кај жените лошата циркулација може да се манифестира со нередовен месечен циклус или проблеми со плодноста, а мажите можат да имаат проблеми со ерекцијата.

Ладни екстремитети и кршливи нокти и коса

Ако имате лоша циркулација крвта најтешко патува до најдалечните делови од телото, односно до рацете и стапалата, па затоа истите се ладни.

Промена во пигментацијата на кожата

Кога рацете и нозете не добиваат доволно крв, тие ја менуваат бојата на кожата. Доколку кожата на вашите екстремитети има силно сина или виолетова боја можете да бидете сигурни дека вашиот крвоток не функционира како што треба.

Темни кругови под очите

Постојат неколку причини за појава на темни кругови под очите, а слабата циркулација е  најчеста причина за тоа.

За да дознете дали слабата циркулација е причина за темните кругови под очите нежно притиснете ја кожата на тоа место. Доколку кожата добие светла боја по тргањето на прстот, а по неколку секунди повторно добие темна боја, тогаш најверојатно се работи за лоша циркулација.

За да ја подобрете циркулацијата променете го начинот на живот и вежбајте умерено!

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin