Здравје

Што е мелатонин?

Мелатонинот, прво и основно, е хормон кој се лачи од епифизата, жлезда што се наоѓа одозгора на задниот дел на меѓмозокот. Епизфизата,заедно со дигестивниот тракт, е извор на мелатонинот што ни е потребен за добро здравје. Овој хормон го регулира нашиот 24-часовен ритам на спиење и најчесто се користи во случај на замор, пореметување на сонот и прилагодување на ритамот на спиење. Но, овој хормон, е многу повеќе од хормон…

Мелатонинот, исто така е моќен антиоксидант кој може да се користи за да се спречи оксидативниот стрес. Доека нутриционистите кажуваат дека светло обоеното овошје и зеленчук е најдобар извор на антиоксиданси, мелатонин хормоните исто така се моќни антиоксиданси.Ова е интересно бидејќи западните општества имаат повисоки стапки на хронични заболувања од почетокот на индустриска револуција.

Иако ова може да биде поради симптоми на недостиг на витамин Д од помалку изложувње на сонце, голема изложеност на токсини, конзумирање на преработена храна и милиони други причини-можно е ова да е резултат на постојаната изложеност на електрични светла во текот на ноќта, што предизвикува намалување на мелатонин хормонот- што значи помлку антиоксиданси. Можеби една од помалку познати работи за мелатониот е дека делува како мускулен релаксант на мазната мускулатура, особено онаа на дигестивниот тракт.

Администрација со мелатонин поттикнува и подобрување на воспалените цревни заболувања како што се:

  • Синдром на иритабилно црево
  • Кронова болест
  • Дигестивните проблеми кои го придржуваат аутизмот
  • Гастроезофагеален рефлукс

Како резултат на ова, не е чудно тврдењето дека соодветно количество на сон придружено со производство на колку што е можно повеќе мелатонин, може да им помогне на луѓето кои имаат дигестивни проблеми.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *