Здравје

Најчести грижи кај родителите по доаѓањето дома

  1. Н

Новородените деца сеуште се феномен кој во дадени случаи тешко се објаснува. Во неонаталниот период се среќаваат некои појави кои се нормални само за овој период, додека ако се сретнат во која било друга возраст, претставуваат проблем. Најчестите нормални појави во првите неколку месеци се следните:

-икање: поради незрелост на нервниот и дигестивниот систем, новородените деца и малите доенчиња може да имаат често периоди на икање, кои се чести дури и до крајот на шестиот месец. Икање се јавува и во кој било друг период од животот, но во доенечкиот период е почесто. При оваа појава нема никаков ризок за детето и обично поминува за 10-15 минути, што за родителите изгледа како вечност. Не постои посебен вид на храна или постапка со кои ќе се спречи икањето;

-кивање: кивањето е нормална и честа појава во првите месеци, без да означува дека детето е настинато, доколку не појавува и други знаци на настинка. Причините се различни, од иритација на нежната носна слузокожа, или зголемена надразливост на респираторниот систем;

-регургитација (слевање на несварена храна од устата): многу често после доење или харнење со адаптирано млеко несвареното млеко се слева од устата надвор. Тоа се случува заради незрелост на дигестивниот систем, послаб тонус на мускулите кои ги затвораат хранопроводникот и желудникот. Оваа појава не може да се елиминира затоа што се физиолошки, но делумно може да помогне ако доенчето се држи подолго време после хранењето исправено;

повраќање: тоа е исфрлање на голтната храна под притисок, и се разликува од регургитацијата 9слевање на несварено млеко). Повраќањето може да биде во различен период од хранењето на децата. Доколку не е често, детето напредува добро, и огладнува во регуларен период, не треба да се смета за здравствен проблем. Доколку продолжи, и е во силен млаз, а се јавува после 1-2 месеци од раѓањето, треба да се побара совет од лекар;

-лоша координација меѓу дишењето и голтањето: кога децата се будни, нивната фрквенција на дишење е поголема отколку кај големите деца или возрасните и изнесува 40-60 вдишувања во минута. Дури може дишењето да биде забрзано после плач. Во раниот доенечки период, при хранење често се случуваат периоди на лоша координација меѓу дишењето и голтањето, кога тие престануваат да дишат околу 5-10 секунди а потоа сами по себе продолжуваат. Ова е познато како периодично дишење. Некогаш новороденчето/доенчето може да има подолги периоди на прекин на дишењето, кога помодрува поради подолготраен прекин на дишењето, и во такви случаи, потребно е да се побара лекарска помош.

-доенечки грчеви (колики): коликите кај доенчето се честа појава, и тие се најмачната нормална појава во доенечка возраст. Се случува заради тоа што има незрелост на ензимите за варење, со што при варењето на храната (млекото) се создаваат повеќе и поголеми меури на воздух, кои ги подуваат цревата и причинуваат болка во стомачето. Детето почнува да се грчи во стомакот, ги собира нозете нагоре, многу силно плаче, и штом испушти гасови од цревата се смирува. Некогаш плачот е силен, болен и лицето се зацрвенува. Стомачните колики не го засегаат растот и развојот на децата. Само треба трпение затоа што тие спонатно стануваат поретки и исчезнуваат до крајот на третиот месец. Чај не помага во намалување на појавата на стомачни грчеви (колики).

Од помош е масажа на стомачето, во регијата околу папочето, а движењата да бидат во правец на стрелките на часовникот. Некогаш помага ако детето се земи во рацете, се свиткаат рачињата и ножињата кон стомачето, со што се овозможува полесно испуштање на гасови. Овој маневар помага и при силно плачење.

 

Проф Д-р Елизабета Зисовска

                 педијатар

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *